БЕЗБЕДНОСТ

Безбедност за Возење во Луна Парк Силвер

За користење на реквизитите се посветува внимание на безбедноста. Како главен приоритет, сите реквизити и атракции се темелно прегледани секој ден пред отварање. Обучени и искусни обучувачи внимателно проверуваат секој детал во потрага по било каков дефект, осигурувачи и електрични проблеми што ќе го нарушат безбедното работење на уредот. Во случај да треба да се поправи дел од опремата, тоа го поправа нашиот персонал задолжен за одржување со постојано работно време или квалификуван електричар, а потоа повторно се проверува пред да му биде дозволено да работи.

За време на секоја сезона, нашата опрема е прегледана и опремата за која е потребна поправка е комплетно реновирана. Понекогаш, опремата може да има потреба од основно козметичко преуредување и во текот на сезоната, што значи дека опремата може целосно да се реновира во согласност со спецификациите на производителот.

Нашиот широк опсег на механички уреди за забава е регистриран на национално ниво со здравје и безбедност на работното место и темелно се проверуваат од квалификувани градежни инженери.

Одговорните оператори за забава се целосно обучени за сите аспекти на реквизитите, забава и безбедност. Ние осигуруваме дека вработените се добро обучени, љубезни и облечени во нашата стандардна униформа.

Кога се возите на една од нашите забави, важно е да се придржувате кон ограничувањата, правилата и прописите за возење поставени пред секоја забава. За најдобро искуство со забавните единици во нашиот луна парк, постојат важни правила што треба да се следат за да се осигури безбедно и интересно возење!

 

ПРОВЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА ВИСИНА И ВОЗРАСТ ПРЕД ВОЗЕЊЕ

 

Внимавајте на возењето во двизење и сите безбедносни знаци за висина и ограничувања на забавата за да одредите дали возењето е соодветно за вас или за Вашето дете.

 

ЗА ВРЕМЕ НА ВОЗЕЊЕТО

Пушење, јадење и пиење е забрането кај сите атракции.

Останете на Вашите места и воздржани и бидете сигурни дека Вашите раце, нозе и глава се наоѓаат во внатрешниот дел на гондолата во секое време.

Користете ја целата сигурносна опрема што ја нуди реквизитот (гондолата) и запомнете секогаш да ги слушате инструкциите кои ќе Ви бидат зададени од страна на Нашиот тим.

Останете на Вашето седиште додека возењето не заврши целосни и додека не Ви е кажано од страна на операторот да ја напуштите атракциајта.

 

ПО ВОЗЕЊЕТО

 

Кога возењето е завршено, останете во Вашите седишта додека не завршите целосно и операторот одговорен на атракциајта не Ви даде инструкции да ја напуштите атракцијата.

Доколку не се чувствувате сигурни за висина и брзина на некоја атракција, тогаш не се возете.

Доколку имате било какви прашања во врска со било која од нашите атракции, Ве молиме прашате го вработениот за повеќе информации.

 

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ВОЗАЧИТЕ

 

Луна Парк Силвер Ви препорачува да не се возете ако имате некој од наведениве проблеми со здравјето:

  • епилепсија
  • висок крвен притисок
  • бременост
  • проблеми со срцето
  • скршена коска
  • страв од височина
  • болки кај вратот и грбот
  • болест или по извесно време помината операција
  • нервни нарушувања